Пред околу 50-тина гледачи во С.Р.Ц. Кале пионерската екипа на Вардар забележа убедлива победа против екипата на Рк Шампион. Конечниот резултат гласеше 14:23. Уште по првото полувреме имавме солидна предност, кога на противникот му дозволивме да постигне само шест голови. На пауза се замина со резултат 6:11. И во второто полувреме, избраниците на Горан Стојков продолжија со силно темпо на ... Read More »
РК Вардар
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СТОЛЕ ИКОНО НАША !
На денешен ден пред 28години се роди една црвено-црна икона Столе Стоилов. Нека ти е честит роденденот легендо Вардарова , многу успеси и нека во твојата кариера а на наше задоволство биде забележано дека си бил дел од тимот кој ја покори ракометна Европа. Read More »
“Вардарци“ со настапи за своите ракометни репрезентации
Вчера се играа натпревари во рамките на квалификациите за Европското првенство, кое во 2016 година ќе се одржи во Полска. Играчи на Вардар беа дел од своите национални селекции кои се борат за настап на ова Европско првенство. Македонската ракометна репрезентација “машки“ загуби од актуелниот светски првак, селекцијата на Франција, со резултат 25:27. Малку фалеше на крај да направиме големо ... Read More »
Одлична партија на Диви, Стоилов, и останатите
Иако Македонија загуби од Светскиот првак Франција со 25:27 сепак во одлично светло се покажаа нашите момци во текот на сите 60 минути. Натпреварот беше неизвесен до последната минута, по една несреќна топка и гол, од никаде Франција го доби овој натпревар, но не треба да бидеме разочарани ова е игра која ветува, игра против најдобрата репрезентација во светот, на ... Read More »
Пауза во Супер лигата, црвено-црните продолжуваат со Рк Радовиш
Поради репрезентативни обврски, ракометарите на Вардар своите настапи во Супер-лигата ги продолжуваат на 9 или 10-ти мај. Во овој период е планирано да се одигра натпревар на гостински терен со екипата на Радовиш. Вардарци моментално се наоѓаат на првото место на табелата, со вкупно четири победи од исто толку одиграни натпревари. Тимот од Радовиш има забележано само една победа и ... Read More »
”Страшниот џин ќе пука” за Вардар
Страшниот џин, и репрезентативец на Шпанија, Хорхе Македа од лето ќе ги кине мрежите на противниците во дресот на Вардар. Се е договорено, овој робусен десен бек, од лето ќе го носи црвено – црниот дрес. Во моментов Македа настапува за тимот на француски Нант, веќе долго време Македа е во тимот на Нант. Три сезони го носи дресот на францускиот ... Read More »
Младинците на Рк Пелистер, недораснати за црвено-црните
Во рамките на предпоследното коло од младинската ракометна лига, избраниците на Стојан Петрушевски забележаа убедлива победа на гостувањето во Битола. Совладан беше нивниот ривал, екипата на Пелистер. Конечниот резултат гласеше 21:33. Само до крајот на првото полувреме, домаќините успеваа да одржуваат некаква резултатска рамнотежа, иако во текот на сите 30 минути имавме константна предност. На полувреме се замина со солидно ... Read More »
Алија Амзоски: Ракометот е тимска игра, ако ги нема моите соиграчи, ништо не би можел сам
Кадетите на Рк Вардар го овоија второто издание на Меѓународниот ракометен турнир “Завидовиќи 2015“, кој се играше во Босна и Херцеговина. Забележаа пет победи и засужено се најдоа на првото место. -Турнирот помина во најдобар ред, пред се одлична организација на домаќинот, одлична атмосфера од публиката. Во финалето имавме доста голем притисок од публиката, бидејќи игравме нормално против домаќинот на ... Read More »
Како ќе изгледа РК Вардар во следната натпреварувачка сезона
Оваа сезона полека привршува за ракометниот клуб на Вардар. Повторно се најдовме во најдобрите осум екипи во Европа и игравме на завршниот турнир на Сеха-лигата, каде не се прославивме многу и го освоивме четвртото место. Заврши и одисејата во Лигата на шампионите, каде повторно малку фалеше да одиме чекор понапред од минатата година. Но Европа и Балканот се веќе минато ... Read More »
Петковски: Борбеноста и колективниот дух, се еден од предусловите за овој успех – Николовски: Презадоволен сум од целокупниот настап на турнирот
Изминативе три дена, во периодот од 24-26-ти април, две ракометни генерации на Вардар беа дел од Меѓународен турнир-Завидовиќи 2015 во БиХ. Пионерите го освоија шестото место, забележувајќи две победи и три порази. Кадетите направија голем успех, со освојувањето на турнирот, каде остварија пет победи од исто толку натпревари. -Најпрво да им заблагодарам на домаќините за гостопримството како и одлично организираниот ... Read More »