Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим (page 8)

Втор тим

Вардар Јуниор на 29.јули стартува со подготовки, Петрушевски и Манасков остануваат тренерски тандем

vardarfans-vardar-junior-660x330-660x330

Екипата на Вардар Јуниор и во новата натпреварувачка сезона ќе ја гледаме во најсилната Супер лига, откако успеавме да обезбедиме опстанок во истата. Тренерскиот двоец на вториот тим на Вардар останува ист, а тоа се Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, кои ќе имаат задача повторно да ја остават екипата во лигата, иако ќе биде тешко, со оглед дека во новата ... Read More »

Андреј Петковски потпиша едногодишен договор со новиот суперлигаш, тимот на Работнички

vardarfans-naslovna9-660x330

Довчерашниот голман на Вардар Јуниор, Андреј Петковски во новата сезона ќе настапува за екипата на Работнички. Голманот кој ги помина сите младински екипи на Вардар, се договори со новиот суперлигаш за соработка на една година. Младиот голман имаше забележано настапи и за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата, а беше и на подготовките со црвено-црните во Крањска Гора. Петковски е ... Read More »

Младиот состав на Вардар Јуниор ја оствари главната цел, опстанок во најсилната Супер Лига

vardar-junior-660x330-660x3301-660x330

Младиот состав на Вардар Јуниор ја оствари главната цел која беше поставена на почетокот од сезоната. Иако далеку подмладени, и покрај заминувањата на неколку поискусни ракометари, сепак оваа екипа на Вардар на крајот од сезоната обезбеди опстанок во најсилната Супер Лига. Можеби кратката клупа, неискуството и младостана овие момци, беа клучни фактори за Вардар Јуниор цели 60 минути да не ... Read More »

ЖРК Вардар го потврди играњето во Супер лигата, Вардар со два машки сениорски тима и сезонава

f99-660x330

Новата сезона во машката супер лига треба да почне на 7 септември и првиот дел од сезоната би требало да заврши најдоцна до 15 декември.  До вчера, 30 јуни сите клубови што имаат право на настап во елитата требаше да го потврдат своето играње, наскоро ќе се организира  и ждрепка за двојките. Ракометниот клуб повторно ќе има три сениорски колективи ... Read More »

Петковски и Димов го напуштија Вардар Јуниор

vardarfans-martin-dimov-660x330

Екипата на Вардар Јуниор која успеа да обезбеди опстанок во најсилната Супер лига, од следната сезона ќе биде ослабена за неиграњето на двајца искусни играчи. Се работи за голманот, Андреј Петковски и десното крило, Мартин Димов. И двајцата играчи ги поминаа сите младински категории на Вардар, сепак во новата сезона се одлучија за поголем предизвик во нивната кариера. За Петковски ... Read More »

(Видео) Места во топ-10 изборот за Трпевска и Кукуловски на апликацијата “Спорт.видео-Македонија”

received_1891937764241125

Нашиот медиски партнер “Спорт. Видео.Македонија” состави видое од Топ 10 моменти опфатени со мобилната апликација на Sport.Video. Македонија е расадник на спортски талент и потенцијал, а наивната технологија ќе се погрижи да истиот биде искористен.   Во топ изборот на 10 најатрактивни моменти фатени со нивната апликација се најдоа  двајца членови од црвено-црното ракометно семејство. На позицијата  број 9 се наоѓа ... Read More »

Вардар Јуниор сезоната ја заврши на 3.место, во последниот дуел од плеј-аутот поразен од лидерот Охрид

vardarfans-vardar-junior-660x330

Вардар Јуниор одигра одлично во плеј-аутот, истиот го заврши со 30.бода на позицијата број три. Одличните настапи во плеј-аут сегментот донесоа напредок на табелата, ние овој дел го почнавме на претпоследната, 5та позиција. Во последното коло во дуел без резултатско значење гостувавме кај лидерот РК Охрид. Победата на оваа средба ја остварија охриѓани. Домаќинот подобро го отвори дуелот, тие на ... Read More »

Вардар Јуниор незадржлив, победа и над РК Прилеп за потврда на 3.место

vardarfans-joakim-660x330

Тимот на Вардар Јуниор игра неверојатно во плеј-аутот, повторно забележавме победа на дуел во оваа фаза. Тимот на РК Прилеп мораше да се помири со пораз на мечот одигран во “Јане Сандански“ против момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков. Победата дојде со резултат 34-26. Со оваа победа ние се зацврстивме на 3.место на табелата во плеј-аут сегметот од машката ... Read More »

Во супер интересен меч, Вардар Јуниор поразен од Струга

vardar-junior

Вардар Јуниор во малата сала на С.Ц. Јане Сандански одигра натпревар во рамките на 8.коло од плеј-аутот во Супер лигата. Противник ни беше тимот на Струга од кој бевме поразени  со резултат 28:30. И двете екипи погодија во својот втор напад, а откако Струга го отвори резултатот, кај Вардар Јуниор со два погодоци врати Стефан Крстевски за наша предност од ... Read More »

Вардар Јуниор денес ја пречекува екипата на РК Струга

f191-660x3301-660x330-660x330-660x330

Во рамки на 8.коло од плеј-аутот во ракометната машка Супер лига тимот на Вардар Јуниор ја пречекува екипата на РК Струга. Дуелот се игра денес, среда, 15.мај со почеток во 17-00 часот во Спортскиот центар “Јане Сандански“. По седум одиграни кола во плеј-аутот избивме на 3та позиција на табелата со 27.бода односно со шест повеќе од тимот на Радовиш кој ... Read More »