Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized (page 73)

Uncategorized

Лесна победа за младинците на Вардар Јуниор против Борец

xc-2

Денес во малата сала при СЦ “Јане Сандански„ младинскиот тим на Вардар Јуниор лесно го совлада ривалот од Велес, тимот на ГРК Борец. црвено-црните триумфираа со 21 повеќе, односно со 38-17. Ние тргнавме доминантно на почетокот, ги затворивме сите приоди кон нашиот гол, а во напад казнувавме. Во 7.минута водевме веќе 5-0, кога противникот дури по 6.минути и 45.секунди ракомет ... Read More »

ЖРК Вардар без бодови од гостувањето во Битола

34

Денес во ѐБитола во рамки на 17.коло од женската Супер лига екипата на Вардар гостуваше кај ЖРК Пелистер. Во еден темпераментен и борбен дуел до победата дојде домашниот тим со резултат 25-22. Првиот дел започна со реми 2-2, потоа ние се одлепивме на два гола предност 2-4. Истата ја одржувавме се до средината од првиот дел, кога зелено белите успеаа ... Read More »

Јуниор лига: Момците на РК Седмерец Вардар и РК Бисинов со победи во генер.2008/09

hh2

Вчера во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје се одигра вториот натпреварувачки ден од Јуниор лигата за овој викенд. Кај момците во генерација 2008/2009 година еипите на РК Бисинов од Велес и РК Седмерец од Охрид дојдоа до победи во соочувањето со ривалите. Во првата средба кај генерација родени 2008 и 2009 тимот на РК Бисинов од ... Read More »

Победа и пораз за ФК Вардар генер.2010 во соочувањата со Форца

ty9

ФК Вардар генерација родени 2010 и помали одиграа натпревари од детската лига, денес на терените на ФФМ. Момците на Илија Колевски дојдоа до една победа и еден пораз  во денешните соочувања со Форца. Вардар (1) генер. 2010 го совлада тимот на  Форца 1  со резултат8-1. Почнавме со гол на Стефан Ристиќ, тој успеа да отвори со погодок за 1-0 на самиот почеток. Веднаш потоа ... Read More »

Момците на Спасевски, ФК Вардар генер.2007 со две нови убедливи победи во детската лига

25301-660x330

Денес на терените на ФФМ, во второто пролетно коло ФК Вардар генерација 2007 одигра два натпревари. Момците на Филип Спасевски успеаа да дојдат до две и тоа високи и убедливи победи на ова прво коло за нив во детската лига оваа пролет. Во првата средба ФК Вардар (2)  генерација 2007 се сретна со тимот на ФК Викторија, црвено-црните момци во меч со доминантна игра ... Read More »

Голема победа во дербито за Вардар над Металург, момците на Будимир и Станковски триумфираа во “рововска битка“

g4

Големото дерби Вардар-Металург денес се одигра во рамки на младинската лига во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Типично дерби, со многу борба, тензии, исклучувања видовме денес. Нашите момци се бореа лавовски, за секоја топка, во рововска битка покажавме зашто сме Вардар. Момците на Будимир и Станковски дадоа “срце на терен“ и победивме со 21-20. Се бореа вардарци во текот на сите ... Read More »

ЦЕМС потопен од вардарки, Трајкоска и Грујовска со по 7 одбрани најистакнати во оваа суперлигашка средба

f

Денес, ЖРК Вардар го одигра првиот домашен дуел во Супер Лигата, тие беа домаќини на екипата на ЦЕМС во дуел кој се одигра во големата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје. Девојките на Симовски и Царчев триумфираа на доминантен начин со резултат 34-14. Отворивме одлично, наметнавме ритам на почетокот со два гола на капитенот Диневска Бојана и Мирјана Петковска, ... Read More »

ЖРК Вардар во улога на фаворит го пречекува ЦЕМС, дуелот се игра в сабота

zrk

Викендов на програмата во женската Супер лига е второто пролетно коло, во првото како гости ЖРК Вардар со пресврт триумфираше кај Гевгелија и ја започна сезоната победнички. Во второто коло оваа пролет, односно 16-то оваа сезона ние сме домаќини на екипата на ЦЕМС. Дуелот се игра во сабота, 09/03/2019 со почеток во 13-00 часот во големата сала на СЦ “Јане ... Read More »

Кисељев и Парондо: Мешков е квалитетен противник, утре одиме на триумф

press

Утре ќе се одигра  дербито од СЕХА Газпром лигата против Мешков и нашиот РК Вардар. Мечот  е закажан за утре (вторник) во 17,15 часот во СЦ „Јане Сандански”.  На денешната прес конференција пред оваа средба тренерот на црвено-црните и рускиот бек Кисељев ги соопштија своите очекувања. Роберто Парондо – тренер на Вардар “Немавме многу време да се подготвиме за овој ... Read More »

И Лихнид 2012 ја виде “црвено-црната машина“, Грујовска најистакната со “9-ка“, ЖРК Вардар со 5/5 во младинската лига

n2

Вардарки денес во “Јане Санданаски“ во петиот дуел од младинската лига дојдоа до петтата победа. На нас ни гостуваше тимот на Лихнид 2012 од Охрид. Истите парираа во првите дваесетина минути кога беа на минус три, се потоа е типична вардарова приказна од младинската лига. Девојките на Симовски и Царчев, покажаа дека се неколку нивоа над ривалот и победија со 26 гола повеќе, ... Read More »