Вчера во просториите на Фудбалската федерација на Македонија имаше ждрепка за полуфиналните двојки во Купот на Република Македонија. ФФМ ги одреди нашите противници во младинска, кадетска и пионерска категорија, во категоријата помлади пионери испаднавме претходно и не земавме учество во ждребот. Кај младинците, избраниците на Љупчо Марковски-Калц ќе игра против Академија Панде екипа против која лани го освоија пехарот во истото ... Read More »
У-19
Среќен роденден Љупчо Марковски-Калц
Поранешниот долгогодишен играч на ФК Вардар потоа и капитен, а денеска тренер на младинците на ФК Вардар, Љупчо Марковски – Калц денеска го прославува својот 49 роденден. Калц минатата сезона го освои младинското првенство на Македонија, а година претоа и купот во младинска категорија. Вардар фанс му го честита 49-от роденден на Љупчо Марковски. Read More »
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Како изгледа голмански тренинг под водство на тренерот Мане Манев
Голмански тренинг во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар под будното “око“ на тренерот Мане Манев. На вчерашниот тренинг работеа Филип Трајчевски, Малик Зибери, Крис Каев и Лука Наков. Мане Манев е тренер на голманите кај кадетите и младинците на ФК Вардар, човек кој во 2012 година беше дел од стручниот штаб на Македонската фудбалска репрезентација, кога на чело беше ... Read More »
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Младинците на ФК Вардар под полна “пареа“ се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната
Младинците на фудбалскиот клуб Вардар веќе петнаесеттина дена напорно тренираат и се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната. Избраниците на Љупчо Марковски иако некомплетни сепак најрано започнаа со подготовките. Во овој дел од припремите тренерот може да смета на голманите Филип Трајчевски и Крис Каев, потоа Тодор Тодоровски, Берат Исмаил, Андреј Ричков, Дарко Додевски, Едис Хамзиќ, Теодор Димитровски иАлександар Најдоски. ... Read More »
Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар започнаа со подготовки за пролетниот дел од сезоната
Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезона. Први кои стартуваа беа младинците предводени од Љупчо Марковски, додека од вчера својот прв тренинг го имаа пионерските екипи, како и кадетите на Влатко Колев. Првиот ден се работеше на физичка подготовка со трчање на Кеј, додека од денес се очекува ... Read More »
Младинците на ФК Вардар со најмногу победи, најдобар напад и одбрана, кадетите ги пратат во “сенка“
Четири екипи на фудбалскиот клуб Вардар се натпреваруваат во првенството на младинските фудбалски категории. Двете пионерски екипи, кадетите и младинците го финишираа есенскиот дел од сезоната во лигата. Вардаровите екипи забележаа дури 32 победи, 4 нерешени резултати и 8 порази. Единствено младинците се есенски шампиони, додека кадетите и пионерите заостануваат само еден бод зад лидерите во својата категорија. Помладите пионери ... Read More »
Приказна за првиот црвено-црн трофеј во историја! Вардар во 1949 год. стана младински шампион на Југославија
Вардар е нашиот најтрофеен фудбалски колектив, тој е формиран далечната 1947 година, а својот прв трофеј во својата историја го освојува две години подоцна во 1949 година. Вардар таа година во која денешните конкуренти од првата фудбалска лига воопшто не постоеле или играле во многу ниски лига се круниса за младински шампион на тогашната Ф.Н.Р. Југославија. Во воведните две години ... Read More »
Борјан Тодоровски: Кога сте дел од екипа како ФК Вардар амбициите секогаш мора да бидат на највисоко ниво и не станува збор за ништо помалку од победа на секој натпревар, а со тоа и освојување на двојната круна
Со само еден пораз и десет победи младинците на фудбалскиот клуб Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната. Избраниците на Љупчо Марковски се есенски шампиони по одигрување на полусезоната во лигата. Како помина првиот дел од сезоната како и очекувањата за пролетниот дел можете да прочитате од изјавата на Борјан Тодоровски, коиј во најголем дел од натпреварите беше стандарден во ... Read More »
Младинската екипа на ФК Вардар најдобра во 2016 година
Младинската екипа на фудбалскиот клуб Вардар е најдобра во Македонскиот фудбал за годината која полека изминува. Избраниците на Љупчо Марковски ја освоија првенствената титула минатата сезона и играаа во големото финале на купот. Освен тоа беа првата младинска екипа во Македонија која доби можност да игра во лигата на шампионите. Наградата свечено ја прими капитенот на младинците на ФК Вардар ... Read More »
Младинците на ФК Вардар се есенски шампиони, со само еден пораз во двете натпреварувања
Десет победи, еден пораз и без ниту еден нерешен резултат е епилогот за младинците на ФК Вардар по завршување на есенскиот дел од сезоната. Избраниците на Љупчо Марковски се есенски шампиони, со два бода повеќе од нивниот најголем и единствен конкурент, екипата на Шкендија. Имаме убедливо најефикасен напад во лигата со 34 постигнати голови и најдобра одбрана со само 5 ... Read More »