Денес избраниците на Сергеј Андреев ќе ја имаат и 3-та меч топка. По неискористените шанси против Работнички и Шкендија, денеска момците ќе имаат нова шанса со победа да стигнат и математички до нова, 9-та титула во историјата на клубот. Време е нашите момци, да ја обезбедат титулата по две недели чекање на најверните навивачи. Инаку денеска гостин ни е Ренова, ... Read More »
Прв тим
Среќен роденден легендо вардарова!
Денес свој 35-ти роденден прославува легендата на ФК Вардар Вандаир Дос Сантош. Еден од малкуте ”странци” кој може да се пофали со одлични настапи во годините поминати во дресот на Вардар. Преку 100 натпревари во дресот на Вардар, најдобар стрелец во Европските купови, што некогаш го носел дресот на ФК Вардар, многу титули зад себе во црвено – црниот дрес, ... Read More »
МТВ реши ќе врши ТВ пренос од мечот без публика Вардар-Ренова!
Мечот на Вардар кој по препорака на МВР , а со одлука Македонската “Куќа на фудбалот“ како и на сите други прволигашки и второлигашки мечеви ќе се игра пред празни трибини ќе може да го следиме низ директен пренос. Македонската радио и телевизија ќе врши директен пренос на собранискиот канал со почеток во 16-25 часот . Вардар ја пречекува тетовска ... Read More »
Викенд како порачан за титули!
Овој викенд е како порачан за нашиот Вардар, односно утрешниот ден треба да биде денот Д за момците на ФК Вардар, РК Вардар, односно девојките на ЖРК Вардар. Утре со почеток во 16 часот и 30 минути нашиот ФК ВАРДАР го игра предпоследниот натпревар оваа сезона против екипата на Ренова. Овој натпревар ќе се одигра на нашата Арена, но пред празни ... Read More »
Ново сценарио, и во Кратово без навивачи !?
Се надзира ново лошо сценарио, и во Кратово нашите играчи нема да имаат поддршка од Комити!? Место да биде празник, нашите момци титула ќе ја слават без своите најверни навивачи во Кратово, на последниот натпревар оваа година, според најновите информации, и натпреварот во Кратово би требало да се одигра пред празни трибини, и титула Вардар да слави пред срамни 0 ... Read More »
Се зголемува црвено-црното семејство! Хоф стана татко- со среќа!
Се зголемува нашето црвено-црно семејство за уште еден член . Денес во скопската болница “Систина“ на свет дојде една мала девојка , ќерка на Хофханес Хамбарџумјан. Редакцијата на Вардарфанс.мк на семејството Хамбарџумјан му ја честита приновата. Read More »
(ВИДЕО) Шкендија – Вардар 1-0
ФК Вардар го доживеа вториот пролетен пораз повторно со екипата на Шкендија Тетово. Како и во првиот дуел во Куманово и на овој во Кичево тетовските црвено-црни ја однесоа победата.Во еден монотон меч без многу шанси едниствениот гол за домаќинот Шкендија стрелаше Абдула во 82 минута од мечот . Вардар е на 3 бода предност во однос на Романтичарите на ... Read More »
СКАНДАЛ!! ЕКСПЕРТИТЕ ОД ФФМ ОДЛУЧИЈА ВАРДАР -РЕНОВА БЕЗ ПУБЛИКА-ТИТУЛАТА ЌЕ ЈА СЛАВАТ ИГРАЧИТЕ СО ЕКОНОМОТ
Скандалозна одлука на институцијата која треба да биде Куќа на фудбалот , а всушност се претвори во погребално претпријатие на македонскиот фудбал . ФФМ соопшти дека Вардар-Ренова како и цела прва и втора Македонска фудбалска лига ќе се игра без публика . Вардар ќе ја “слави“ титулата со редарската служба и економот бидејќи трибините ќе бидат празни . Сите мечеви ... Read More »
Очајна игра повторно, неискористена првата меч топка
По којзнае кој пат оваа сезона, нашиот тим одигра еден очаен натпревар, без мотиви, со многу малку шанси, за гол… денешната средба требаше да биде победа, и славје со титула, но нашите играчи не ја искористија првата, од трите меч топки. По втор пат за кратко време, шкендија го победи Вардар. По првиот дел нашиот тим имаше свои шанси преку ... Read More »
ВО ЖИВО СТРИМ 16-30!!! Шкендија-ВАРДАР !!!!
Одложениот меч на кој ФК Вардар може да ја завери титулата во Македонската фудбалска лига ќе може да го следите во живо преку стрим . Овој меч ќе се одигра во Кичево со почеток во 16-30часот . Дуелот беше одложен заради специфичниот безбедносен момент во Куманово заедно со сите други плеј-офф дуели. Со победа денес Вардар ќе ја обезбеди титулата ... Read More »