Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим (page 23)

Втор тим

Никола Кизиќ го “откажа“ Металург 2, екипата на Вардар Јуниор победнички од Автокоманда

Денес во спортската сала во населбата Автокоманда, се одигра дерби натпревар од плеј аутот на супер лигата, помеѓу вторите тимови на Вардар и Металург. Поуспешни беа црвено-црните кои триумфираа со резултат 20:24. Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето на двете страни и ниту една од екипите немаше поголема предност од два гола, иако домашниот тим беше тој ... Read More »

Вардар Јуниор го победи Работнички и ги зголеми шансите за избегнување бараж

Екипата на РК Вардар Јуниор стигна до нова победа во плеј аутот од супер-лигата. Во С.Р.Ц. Кале се сретнаа екипите на Работнички и Вардар, дуел кој му припадна на нашиот состав со резултат Екипата на Работнички прва го отвори резултатот, за во следните пет минути Вардар Јуниор да направи серија од 1:5 и да има предност од 2:5. Мора да ... Read More »

Вардар јуниор поразен од Пелистер во Купот на Р.М

Денес во спортската сала „Младост“ се играше четвртфиналната група од Kупот на Mакедонија. Во група-3 се наоѓаа екипите на  Пелистер, Еурофарм Работник,Младост Богданци и нашиот млад состав тимот на  РК Вардар Јуниор. Полуфиналните двојки беа Пелистер – Вардар Јуниор и Младост Богданци – Еурофарм Работник. Ракометарите на битолски Пелистер се пласираа во финалето на четвртфиналната група откако го победија составот на Стојан Петрушевски нашиот млад ... Read More »

Гонзалес на првиот список како селектор повика четири црвено-црни момци

vardarfans-raul

Тренерот на РК Вардар и нов селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес го објави поширокиот список за квалификациските натпревари против Исланд за пласман на Европското првенство во Република  Хрватска. Ова е прв список откако шпанецот седна на кормилото, на истиот се најдоа четири црвено-црни ракометари три од помладиот сениорски состав и капитенот на РК Вардар пикерот Стојанче Стоилов. Гонзалес ги ... Read More »

РК Вардар Јуниор немоќен во дуелот со Тинекс Пролет

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра натпревар од плеј аутот во супер лигата, помеѓу екипите на Вардар и Тинекс Пролет. Поуспешен беше противникот, кој славеше убедливо со резултат 20:29. Тинекс Пролет имаше добар старт на натпреварот, кога поведе со 1:5, по што Вардарци беа принудени цело прво полувреме да “бркаат“ негатива. Сепак не му дозволивме на противникот предвреме ... Read More »

Вардар јуниор утре го пречекува тимот на Пролет

По крајот на велигденските празници се враќа на сцена домашниот суперлигашки ракомет. Во плеј-аут сегментот вториот сениорски колектив екипата на РК Вардар Јуниор утре на 19-ти април ќе одигра нов меч во борбата за опстанок во елитата. Ние во Спортско рекреативниот центар “Кале“ сме домаќини на екипата на РК Пролет. Натпреварот со скопскиот ривал ќе се игра со почеток во ... Read More »

Познати 1/4- финалните групи во кои ќе играат трите сениорски екипи на Вардар во Македонскиот Куп

vardarfans-rk-vardar

Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија (РФМ)  беа извлечени четвртфиналните групи од Купот на Република Македонија во ракомет. Ракометниот црвено-црн машки колектив ќе учествува со три екипи: бранителот на купот првиот тим Вардар, екипата на Вардар Јуниор и најмладиот тим, прволигашот РК Вардар-2. Групите  и двојките за првите средби изгледаат  вака: Група 1: Металург, Прилеп, Пролет, Македонија ЃП (домаќин Металург) ... Read More »

Шест ракометари на РК Вардар дел од кадетската репрезентација на турнирот во “Бугојно“

Машката ракометна кадетска репрезентација во периодот од 13-16-ти април ќе биде дел од турнирот “Ракометот е мојата иднина“ , под организација на РК Искра од Бу­гој­но и Ка­тар­ска­та ра­ко­мет­на федераци­ја. Нашата селекција која е предводена од Кристијан Грчевски и Никола Матлиевски ќе се натпреварува во група заедно со репрезентациите на Пол­ска, Сло­ве­ни­ја и БиХ. Ова ќе биде петто последователно учество ... Read More »

Вардар Јуниор го изненади Радовиш, лидерот на плеј-аут табелата

Вчера во салата “Кале“ младата вардарова ракометна сениорска екипа РК  Вардар јуниор  во натпревар од  плеј-аут делот ја забележаа и втората победа. Нашите момци триумфираа над  Радовиш, 29-23, екипа која влезе како фавориот во дуелот и имаше најмногу бодови на плеј-аут табелата на почетокот од овој сегмент. Со оваа втора победа ја потиснуваме екипата на РК Металург-2 кон предпоследната позиција ... Read More »

Поповски го предводеше РК Вардар Јуниор до важна победа против Металург 2

Екипата на РК Вардар Јуниор со победа го започна плеј-аутот во супер лигата, откако на Кале беа подобри од екипата на Металург 2. Избраниците на Стојан Петрушевски одлично го започнаа натпреварот каде по седум минути игра имаа предност од 5:1. Во продолжение од натпреварот, гостинската екипа успева да воспостави резултатска рамнотежа и да намали на само два гола негатива. Во ... Read More »