Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 (page 41)

У-19

Одложен е стартот на новата сезона во младинските фудбалски лиги

120301687_3319157414797748_1903095621652306093_o

Одложен е стартот на новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги. За претстојниов викенд беше предвиден старт на натпреварувачката сезона 2020/21 во младинските фудбалски лиги, но истиот е одложен. Пионерските екипи утре требаше да го гостуваат во Куманово кај екипата на Еуроспорт, додека кадетите и младинците во недела требаше да бидат домаќини на истиов противник. Сепак барем претстојниов викенд нема ... Read More »

Старт на сезоната во младинските фудбалски лиги, пионерските екипи гостуваат во Куманово, кадетите и младинците се домаќини на Еуроспорт

120219390_2623086421335732_1322734457154571902_o

Претстојниов викенд стартува натпреварувачката сезона 2020/21 во младинските фудбалски лиги. Генерацијата 2005 ќе дебитира во рамките на помладата пионерска супер лига, додека младинскиот состав ќе го сочинуваат играчи кои се родени 2002 година. Против екипата на Еуроспорт Куманово ќе ја отвориме новата сезона, во која пионерските екипи ќе гостуваат во Куманово, додека кадетите и младинците на теренот на Академијата ќе ... Read More »

ФФМ го промени распоредот во младинските лиги, екипата на Еуроспорт Куманово ќе биде прв противник за младите надежи на Вардар

120222254_2623118827999158_5913679826528550368_o

За претстојниов викенд се планира да стартува новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги. ФФМ го промени првичниот распоред на одигрување натпревари, па така наместо Пелистер, прв противник за младите надежи на Вардар ќе биде екипата на Еуроспорт Куманово. Пионерските екипи ќе гостуваат во Куманово, додека кадетите и младинците се домаќини на истиов противник. Нема промена што се однесува до ... Read More »

Распоред на одигрување натпревари за младинските екипи на ФК Вардар

120218475_2623119127999128_3356447984544879730_o

Планирано е новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги да стартува на 17/18.октомври. Предвидено е да се одиграат два круга по 11 натпревари во двата дела. Ќе се натпреваруваат вкупно 12 екипи во четирите младински лиги, а веќе е одреден распоредот за сите натпревари од есенскиот дел на сезоната. Во првото коло, Вардар за противник го има тимот на Пелистер, ... Read More »

На 17.октомври е закажан стартот на новата сезона во младинските фудбалски лиги, Вардар во првото коло за противник го има Пелистер

120366751_2623119434665764_3765452133215243436_o

За следниот викенд, односно на 17/18.октомври е закажан стартот на новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги. Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во четирите најсилни младински лиги. Тоа се екипите на Вардар, Шкендија, Работнички, Шкупи, Македонија Ѓ.П, Њу Старс, Академија Пандев, Пелистер, Победа, Еуроспорт Куманово, Ренова и Брегалница. Одреден е и распоредот на одигрување натпревари за есенскиот дел од ... Read More »

Без големи проблеми, младинскиот состав на ФК Вардар го победи Еуроспорт на пријателски дуел

120222254_2623118827999158_5913679826528550368_o

Младинскиот состав на ФК Вардар предводен од Филип Ивановски денес на теренот во населбата Хиподром одигра пријателски натпревар со екипата на Еуроспорт од Куманово. Нашите надежи победија убедливо со резултат 7:0. По првото полувреме ја решивме работата околу конечниот победник, кога имавме високо водство од 5:0. Во овој дел од натпреварот, Бесар Гуџуфи успеа да постигне два гола, додека во ... Read More »

Утре во Хиподром, кадетите и младинците ќе имаат контролни натпревари со Еуроспорт

120378187_2623117857999255_2819897638578613667_o

Утре на теренот во населбата Хиподром, нови контролни натпревари ќе одиграат кадетите и младинците на ФК Вардар. Овој пат противник ќе ни биде екипата на Еуроспорт од Куманово. После победите против екипата на Ренова, избраниците на Филип Ивановски ќе атакуваат на нови триумфи. Први на теренот ќе излезат кадетите, нивниот натпревар ќе стартува од 12:30 часот, додека младинците ќе играат ... Read More »

(Фотогалерија) Младинците на ФК Вардар ја победија Ренова на пријателски натпревар

naslovna

На контролен натпревар против екипата на Ренова до триумф стигнаа младинците на ФК Вардар. Избраниците на Филип Ивановски славеа победа со резултат 3:1. Георг Стојановски постигна два гола, додека еден беше дело на Фисник Салиу. Победата на младинците погледнете ја преку нашата галерија од 62 фотографии. Read More »

Стојановски и Салиу донесоа победа за младинскиот состав на ФК Вардар, во дуелот со Ренова

2002

Младинскиот состав на ФК Вардар денес на теренот во населбата Хиподром одигра контролен натпревар со екипата на Ренова. Одличен меч за црвено-црните кој го добија во своја корист. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 3:1. Тренерот Ивановски се реши натпреварот да го започне со следниот состав: Стојковски, Ѓурковски (c), Мицевски, Петејчук, Исени, Шабани, Хасани, Гугуљанов, Стојановски, Салиу, Парталко. Првиот директен удар на ... Read More »

Претстојниов викенд нови контролни натпревари за младинските екипи на ФК Вардар

119056853_10218027028409463_343447132973286309_o

Претстојниов викенд не очекуваат пријателски натпревари со младинските екипи на ФК Вардар. Утре на теренот на Академијата, пионерите на Вардар предводени од Сашо Тодоровски ќе ја угостат екипата на Осогово од Кочани. Овој пријателски дуел ќе стартува во терминот од 10:30 часот. Во недела на теренот во населбата Хиподром активни ќе бидат кадетите и младинците. Избраниците на Филип Ивановски за ... Read More »